ВИДЕО: Трајковски: ,,Подобрување на водоснабдување на Делчево” е мојата најголема сатисфакција како градоначалник

Објава на градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски:

Почитувани сограѓани,

✅ Особена чест и задоволство ми е да Ве известам дека го започнавме и завршивме најголемиот проект во историјата на Делчево – „Проектот за подобрување на водоснабдувањето на Делчево“. Овој проект е мојата најголема сатисфакција како градоначалник.

Посветено, одговорно и со срце за своите граѓани работевме во изминатите шест години и изградивме еден од најсовремените системи за водоснабдување.

🇲🇰🇨🇭 Во мое лично име и во име на граѓаните на Општина Делчево изразувам огромна благодарност до Швајцарската конфедерација и до сите оние кои активно беа вклучени во реализацијата на овој огромен капитален проект.

Заедно создаваме иднина која ќе трае.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*