Хрватската амбасадорка Нивес Тигањ деновиве во посета на О.Берово

Хрватската амбасадорка Нивес Тигањ деновиве престојуваше во работна посета на Општина Берово

На заедничката средба која ја оствари со градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски биле разгледани повеќе теми и области за соработка.

-Беше потенцирана поддршката која што Хрватска ја дава за евроинтеграцискиот пат на Македонија. Разговаравме за можноста за соработка во повеќе области а беа изнесени и предлози за подобрување и продлабочување на истата, информираше градоначалникот на Берово.

Во периодот што следи, тој очекува дел од изнесените предлози да добијат конкретна форма и соработката да биде продлабочена со поголема поврзаност меѓу Берово и Хрватска.

-Се надевам дека нашата соработка ќе продолжи со реализација на зеднички проект, кој  ќе го подобри животот на нашите граѓани, додаде Пекевски.

Во рамки на посетата заеднички го посетија Музејот на град Берово, како и туристичката населба Беровско Езеро.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*