Даниел Гоцевски е тренер кој од летово го рестартираше фудбалскиот тим на ФК ,,Брегалница” Делчево и оттогаш досега клубот бележи нагорна линија во Третата фудбалска лига Исток во која долго време клубот не се натпреваруваше. Во неговото гостување во првиот поткаст на Делчево 365 тој зборуваше за неговите почетоци, за кариерата потоа, но и плановите на клубот за наредните 5 години.

Гоцевски: Од мали нозе сум на стадионот во Делчево, од 7-8 години, тоа беа добри времиња, тогаш Брегалница беше во втора лига, потоа прва лига.Тоа беше голем поттик кај младите, атмосферата беше на големо ниво. До моите 15 години имам настапувано овде во Брегалница, тогаш таа испадна од Прва лига, почнаа тука кризи, и јас го искористив тоа и добив шанса да дебитирам во Брегалница во втора лига. Се сеќавам на натпревар во Арачиново постигнав гол, потоа Брегалница испадна од 2 лига и некои клубови низ Македонија пројавија интерес за мене , кое е тоа младо дете да дебитира и веднаш да постигне гол. Силекс беше мојот следен клуб, таму играв една година. Не се пронајдов таму искрено, некоја друга средина, младо дете, се вратив во Делчево играв тука и првата година беше многу успешна. Освоивме 1 место во тогашната Трета лига. Но за жал потоа во периодот кој доаѓаше испаднавме од трета лига, не се плати котизацијата и преминав во Осогово, па се вратив, паузирав, и повторно сплет на околности, пријател мој, сега кум ме замоли да дојдам во Каменица. Отидов и работата тргна , веднаш од првата година влеговме во Втора лига и од тогаш веќе Саса си е во Втора лига. Јас таму бев 6 години како фудбалер, 2-3 години како капитен. Многу убави моменти од Каменица, многу натпревари, многу добри фудбалери сега и прволигаши, многу тренери актуелни во Македонија со кои сум соработувал. Би издвоил Кировски, Седловски, сега не ми ни текнува, сум соработувал со Горан Здравков ќе го издвојат мој соиграч тренер, после ми беше и на мене тренер во Каменица , беше во Брегалница лани, Прва лига, многу тренери и играчи со кои сум соработувал и играл.

Делчево 365: Каква лиценца е потребна за да бидеш тренер?
ГОЦЕВСКИ: За да бидеш тренер потребна е лиценца. Јас веќе ја имам основната Ц лиценца , за 3 лига не е потребна, ама за повисоките лиги мора да се има лиценца. Во Дојран бевме една недела на семинар, па мораш да полагаш за да ја добиеш. За 2 лига мораш да имаш А лиценца, но со тек на време ќе си дојде се.

Делчево365: Радува фактот што сите се наши деца кои пораснаа на стадионот, што ќе направите за да ги задржите и дали ќе повлекувате од младите категории?!
Гоцевски: Фудбалерите на Брегалница се многу млади деца, наши деца кои сакаат да играат фудбал и кога тие гледаат дека некој се вложува во нив и средства и опрема и на натпревари и на тренинзи, многу е лесно и тие да ти вратат.

Гоцевски: Во Брегалница има една категорија млади деца кои моментално не се натпреваруваат, сега со првиот тим , тоа добро ќе им дојде и на тие деца. Ќе дојдат со нас, можеби заради годините еден до две години нема да можат да се натпреваруваат ама ќе тренираат со нас. И кога ќе наполнат години ќе бида подготвени да играат со нас.Веќе имамме такви 3 деца, кои за една година ќе бидат спремни и ќе бидат готови играчи.
Делчево365: Колку е нервозно да бидеш тренер?
Гоцевски: На терен е полесно, од страна е секогаш потешко. Јас очекував дека ќе е нервозно, ама до толку не. Нормално е кога цела недела тренираш се договараш очекуваш резултат, и кога не иде како што си планирал, нормално е да се нервираш. Голема желба, големи нервози.
Делчево365: Зошто не се наплаќа влезница, можеби нема да бидат многу, средства, нешто симболично да се покрие, барем по едно кафе за фудбалерите!

Гоцевски: Во договор и со нашите спонзори , не сакаме да ставиме влезници за натпревар. Почнавме така и натпреварите се гледаат без плаќање на влезници, но во иднина не се избегнува и таа можност. Фудбалот е шоу, нормално е да платиш за да гледаш шоу, плаќаш и за концерт и за театар, па нормално е ако плаќаш и за фудбалски натпревар, тоа е 2 часа забава.
Делчево365: Кој од фудбалерите си тера по свое, а кој е најпослушен?
Гоцевски: Сите фудбалери се послушни , не тераат по свое. Имаше на почетокот неколку фудбалери кои си тераа по свое, но добро е што тие се вклопија во доброто.
Делечво365: Да ни издвоиш некоја анегдота со фудбалерите?
Гоцевски: Анегдоти и случки со млади деца секогаш има, но не сакам да издвојам ништо посебно, има многу ама не се за кажување сега и тука.
Делчево365: Дали на фудбалерите им се исплаќаат парични средства иако дел од тоа прашање можеби и одговоривте и колку финансиите ги мотивираат фудбалерите?

Гоцевски: Знаете како, веќе ништо нема џабе, ние имаме буџет и како што имаме зацртано, но гледам дека кај фудбалерите финансискиот дел и не им толку важен колку желбата да играат. Јас уште на почетокот им кажав дека или ќе го правиме како што треба без разлика на финансиите, или нема да го правиме. Имаат доста опрема и се што им е потребно за фудбал, а редовно си добиваат надоместок, кој што сме го договориле со сите. Веќе имаме 2 исплати редовно како што е договорено. Се плаќа и на студентите за превоз да доаѓаат за натпревари и се тоа да си биде како што треба.
Делчево365: Дали ќе се реновираат соблекувалните?
Гоцевски: Што се однесува до соблекувалните, нашиот најголем спонзор Алипин Ком стои цврсто зад нас и тој проект за Брегалница кој го правиме заедно не е само за една година туку за 5 години. Во тие 5 години, година за година, планирано е инфраструктурата да се искачи на што е можмо поголемо ниво.Трибините се ставени во функција, теренот е константно среден , го одржуваат одговорните за младите категории и редовно се одржува, никогаш и не е напуштен.
Делчево365: Што очекувате од натпреварот со Овче Поле и последното коло со Малеш?

Гоцевски: За натпреварот со Овче Поле, најбитно ние таму да не бидеме поразени, тие се долго во таа лига имаат искуство. Тие играат следно коло со Слога од Виница ,очекуваме таму да бидат поразени, ние пак тука играме со Малеш, ако останеме не поразени, можеме да завршиме како второпласирани, што е голем успех.
Делчево365: Натпреварите со Малеш секогаш знаеле да бидат тензично и со многу голови?!
Гоцевски: Во врска со последното коло со Малеш, ние играме на домашен терен, моментало сме и повисоко на табелата, одиме во нагорна линија, фудбалерите се мотивирани, работиме и се гледа дека има напредок кај многу фудбалери, мислам како екипа во целост, мислам дека треба да ги победиме.
Делчево365: Можете ли да го издвоите најтешкиот натпревар оваа сезона?
Гоцевски: Како најтежок можам да го издвојам натпреварот во Дојран, немам ниту играно таков натпревар, ниту гледано на тв, со толку многу шанси, а да не се постигне гол. Ама некогаш кога треба така да биде, така ќе биде. Нервозно, но тоа остана 1:1 резултатот . Не беше пораз, но со оглед на шансите што ги имавме требаше да се вратиме со победа.

Делчево365: Како се носиш со епитетот добар тренер?
Гоцевски: Дали сум добар тренер, многу е рано да се каже тоа, нови сме , млади фудбалери, јас сум млад, работиме напедуваме, најдобро е што го вративме фудбалот во Делчево, се случува нешто, трибините се се пополни. За добар тренер треба ,,многу фурни леб да се изедат”, но здравје , времето ќе покаже.
Делчево365: Колку е важно на секој натпревар трибините да бидат полни и колку публиката ве мотивира?
Гоцевски: Фудбалот е јавна работа и секој што нешто прави сака да биде и виден. Како што реков фудбалот е шоу и трибините треба да се полни да се гледа, навива, забавува. Има се повеќе луѓе на трибините. Фудбалерите се сите од Делчево, своите доаќаат да ги бодрат. Секој доаѓа да си го гледа своето дете.
Делчево365: Твоите планови за во иднина?
Гоцевски: Околу плановите во иднина, како што кажав ние сме направиле плани за следните 5 години. Сега за сега мислам дека треба да бидеме стабилен третолигаш. Како што одат работите за година две, можеби можеме да бидеме и сигурни за влез во 2 лига, но тоа е многу сериозен залак за 2 лига, треба да одиме чекор по чекор. Сега за сега е добро тоа што сме.
Во продолжение погледнете го целиот поткаст во кој гостин е тренерот на ФК Брегалница 1926 Делчево:

Leave a Reply