Творештвото на Оливера Николова тема на работилницата во организација на ЈЛБ „Илинден“ и ООУ „Ванчо Прке“

Во чест на една од најплодните и најзначајните македонски писателки, Оливера Николова, која го напушти овој свет, денеска во читалната на ЈЛБ „Илинден“, беа изложени неколку нејзини наслови, кои библиотеката ги има и се достапни до читателите.

-Дел од учениците од шесто,седмо,осмо и деветто одделение при ООУ„Ванчо Прке“, заедно со нивните наставници по македонски јазик, имаа можност да се запознаат и да разгледаат дел од трворештвото на Оливера Николова. Најпознатата„Зоки Поки“,потоа „Девојките на Марко“, Песот со тажен поглед“.„Адамово ребро“,„Тромбот“ ,„Куклите на Росица“, „Белиот чад“, „Вежби за Иван Пајко“, „Куќичка“, „Ни чукаат ли срцата за нас“, „Тажниот и весел Владимир“, „Зимски детективи:мојот звук“ и „Избрани дела“, учениците кои беа наши гости можеа да ги разгледаат и да прочитаат дел од нив, информираше директорката Биљана Петровска.

Учениците како што додаде зборуваа за нејзиниот живот и творештво. Направија прекрасна анализа на најпознатите ликови од нејзините дела кои ги обработуваат како лектирни изданија. Беше направена и една драматизација од делото”Тажниот весел Владимир” и беа прочитани познати мудри мисли од авторката.

Писателката Оливера Николова за специјални постигнувања во современиот израз на литературата за млади, во 1983 година ја добила Змаевата награда, а во 2024 година од Претседателот Стево Пендаровски, е одликувана со Орден за заслуги во културата.

Родена во 1936 година, во Скопје. Учела во Струга и Велес, а завршила Филозофски факултет во Скопје. Работела како драматург на радио и телевизија. Таа беше член на Друштвото на писателите на Македонија од 1963 година.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*