Денеска, недела, 10.11.2024, ден за дерби натпревари во последното коло на Третата лига Исток. Во Делчево, вечното Пијанечко -малешевско дерби помеѓу домашната Брегалница 1926 Делчево и ОФК Малеш од Берово.
Делчевските Арамии за присуство на овој натпревар веќе на големо се организирани за и најавуваат масовно присуство. Зборното место е во Градскиот парк во 11:45 часот.
Со поздравот Аванти Брега, од навивачката група АРАМИИ упатија порака до сите останати љубители на фудбалот од Делчево со своето присуство да ја дадат својата поддршка за клубот, кој докажа дека во есенскиот дел на сезоната во Третата фудбалска лига заслужено е меѓу најдобрите три екипи.
Во останатите средби, исто така соседски пресметки, во Пирава, Ударник го пречекува Дојранско езеро, во Турново, Тиверија – Хоризонт Турново и во Зрновци, Светлост – ОФК Карбинци.
Жребот чудно си поигра со Третата фудбалска лига исток, докажувајќи дека фудбалот е навистина најважната споредна работа на светот.


Leave a Reply