Хрватски пожарникари во возвратна посета на ТППЕ Берово

Делегација пожарникари од Врполје, Република Хрватска, се во возвратна посета во Берово. Во рамките на посетата, имаа работна средба во просториите на  Општина Берово по што беа пречекани и примени од беровските пожарникари.

-За време на средбата разменија искуство, разговараа за можна соработка и споделија фотографии од почетокот на соработката на Врпоље и Берово, во далечната 1978 година, информираа од Општина Берово.

Претходно претставници на Општина Берово учествуваа на прославата на нивниот 100 годишен јубилеј.

-На таа прослава на Општина Берово и беше доделено признание, за посебен придонес во унапредувањето на работата на доброволното противпожарно друштво, додадоа од Општината.

Соработка во двете општини,  во делот на противпожарна заштита, како што најави градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски ќе продолжи и во иднина, кој изрази надеж дека двете противпожарни единици, ќе имаат можност и за реализација на заеднички проект. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*