Продолжи мирниот протест поради две неисплатени плати во ЈКП „Брегалница„ Делчево

Со мирен протест поголем дел вработени во ЈКП ,,Брегалница” Делчево денес повторно го изразија својот револт поради две неисплатени плати. Во соопштението до медиумите Претседателот на синдикалната организација при ЈКП ,,Брегалница” Дарко Гоцевски ја информираше јавноста дека протестот е со цел да покажат дека нема да отстапат од своите барања.

-Денес вработените во ЈКП Брегалница-Делчево изразија уште еден мирен протест во кругот на претпријатието поради незадоволството од две неисплатени плати до сега. И покрај барањето од страна на Синдикалната организација до советот на општина Делчево и градоначалникот, за решавање настанатите проблеми, т.е. финансиска помош за редовна исплата на платите, истите немаат слух ниту желба да превземат некакви чекори, истакна Гоцевски.

Потенцираше доколку не се реши овој проблем во најскоро време како синдикална организација нема да застанат, тука туку секојдневно ќе реагираме преку сите надлежни институции за исполнување на нивните права согласно закон и колективен договор. 

За неисплатените плати на вработените во комуналното претпријатие денес во рамки на последната точка наменета за прашања на советниците, се дискутираше  и на 41-та седница на делчевскиот совет, при што беше посочено до директорот и вработените да се достави материјал за да се разгледа состојбата и во рамки на Советот да се донесе одлука на кој начин да се помогне оваа состојба да биде надмината.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*