Во рамки на втората форумска сесија од Буџетскиот форум Елица Јовевска од Општина Пехчево ги претстави предложените проекти од првата форумска сесија и истакна дека на оваа форумска сесија ќе се видат приоритетите, додека координаторот Борис Шарковски подели листи со предложени проекти и објасни како треба да се бодуваат.
Од страна на Николчо Станоевски, беа претставени проектите кои не можат да се бодуваат, бидејки истите се во тек на реализација и за нив веќе е аплицирано.
Присутните по 30 минутно разгледување ги бодуваа предложените проекти по што следеше читање на резултатите.

Ова се првите пет проекти кои беа бодирани со најмногу бодови :
- Реконструкција на локален пат кон туристичка населба Равна река и осветлување;
- Донесување на нов Детален урбанистички план;
- Набавка на возило за собирање на смет;
- Реконструкција на речно корито од мостот на градски пазар до мостот кај Фагус;
- Воведување на јавен општински и меѓуопштински превоз;
Записникот може да го погледнете на следниов линк:

Leave a Reply