Во Делчево одбележани 21 година од хиротонијата на г.Марко во чин епископ

Со литургија одржана во црквата Успение на Пресвета Богородица во Делчево, денес се оддбележаа 21 година од хиротонија во епископски чин на епископот делчевско-каменички г.Марко. На литургијата присустуваа Нивните високи преосвештенства Митроолитот Врањски. г.Пахомиј, владиката Јакоб Стобиски, гостинот Јеромонах Јефрем од манастир Коцељ и други свештеници и свештенослужители од Брегалничката и Делчевско-каменичката епархија.

За време на Литургијата по читањето на Светото Евангелие Епископот г. Јаков искажа вдахновена беседа во која помеѓу другото истакна: Христос не ни ветува раскош и живеење во розов свет полн со задоволства, туку ни потенцира дека секој оној кој сака да го следи, треба да биде подготвен на жестоки страдања и гонења од луѓето во овоземниот живот. Светот во кој ние егзистираме никогаш нема да не разбере, бидејќи ние како Христови наследници не сме од овој свет. Ние секојдневно слушаме по медиумите дека сакаме мир благосостојба, но тоа не може да го постигнеме без Бога и надвор од Црквата и од Литургијата. Ние примајќи го Христос на Литургијата во вид на Тело и Крв, можеме да очекуваме да станеме Христоподобни, и да го исполниме зборовите на Св. ап. Павле, Кој вели: јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене.

По Богослужбата верниот народ се причести со Божествените дарови.
На крајот Епископот се заблагодари и истакна:

-Голема чест ми направивте што дојдовте овде да ја споделиме радоста која ја изразуваме преку благодарност кон Бога, а таа благодарност ја изразуваме преку литургијата која е единствената христијанска благодарност кон Бога. Радоста не не напушта, заради заедничарењето со Господ, кој заради сите нас воскресна и нас не воскреснува за живот вечен. Би сакал да се заблагодарам на Митрополитот г.Пахомиј кој и покрај лошото време, пристигна, за да оддаде почит на нашата хиротонија која се случи пред 21 година во Врањската епархија. Исто така благодарност до Владиката Јакоб, градоначалникот на М.Каменица и сите останати кои присуствуава денес во храмот во Делчево, рече г.Марко.

По завршувањето на Божествената Литургија верниот народ се причести со светите Христови тајни, а потоа следуваше  промоција на џебниот молитвеник наменет за верниците. 

-Во пресрет на Св.Климент Охридски кој е заштитник на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија ќе имаме промоција на нашиот молитвеник. Ова е само една најава за она што ќе следува, а денеска на годишнината од хиротонијата на г.Марко ќе ви го претставиме џебниот молитвеник за духовна поддрка на верниците во нивното секојдневие.  Содржи молитви и мисли прилагодени за верниците со вредности и за духот и за телото, истакна протоереј Александар Васев.

За следната година најавија поплодоносна година во однос на издаваштвото под покровителство на епархијата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*