Преку донација од Општина Крањ, до подобра противпожарна заштита во Берово

Територијалната противпожарна единица од Берово доби донација од општина Крањ, Р.Словенија, која ќе биде наменета за подобрување на системот за противпожарна заштита во Берово.За таа цел делегација од општина Берово, заедно со градоначалнккот Звонко Пекевски престојува во Крањ, каде што ја примија донацијата.

-Донацијата се состои од возило за противпожарна заштита, што ќе биде од големо значење, во борбата со справување со пожарите. Новото противпожарно возило, е од исклучителна важност, не само за опременоста на беровската територијална противпожарна единица, туку и за безбедноста на граѓаните во урбаните и руралните подрачја и за заштитата на животната средина, истакна Пекевски.

Упатувам голема благодарност за донацијата, до  Противпожарното друштво од Бритоф, Општина Крањ. 

-Исто така благодарност до семејството Газинковски од Крањ, кои помогнаа оваа донацијата да биде дадена во корист на жителите на Општина Берово, додаде Пекевски.

Општина Берово има добра соработка со противпожарните друштва од Словенија, а од Општината најавија дека таквата соработка ќе продолжи и во иднина.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*