Нова опрема за каменичките пожарникари

Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица доби нова опрема за надградување на постоечките капацитети. Во работна посета на единицата денес беше каменичкиот градоначалник Димчо Атанасовски кој ја поздрави донацијата која е во вредност од 400.000 денари 

-Остварив работна посета на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) во Македонска Каменица, каде од командирот Малин Трајчевски бев запознаен со најновата опрема која Општина Македонска Каменица ја набави за нивните потреби.Опремата, чија вредност изнесува 400.000 денари, претставува дополнителна надградба за нашата противпожарна единица, истакна Атанасовски.

Оваа набавка како што додаде е само дел од континуираната заложба за подобрување на условите за работа на ТППЕ.

-Опремат  вклучува: Алуминиумски млазници, Турбо млазници, Грбни пумпи (напртњачи) од 25 литри, Рачни ЛЕД светилки на струја, ЛЕД светилки за глава со ластик, Вакуумски водни пумпи, Всисни армирани црева за пумпи, Метален режач за блиндирани врати и метал, Дијамантски диск за метален режач, Противпожарни апарати Ц-9 кгр и Противпожарни апарати СО2 од 5 кгр, соопштија од ТППЕ М.Каменица.

Со модернизацијата на опремата и зголемување на подготвеноста на пожарникарите, општината како што додадоа надлежните обезбедува поголема безбедност за сите граѓани и нивните имоти, најавувајки дека секогаш ќе работи во интерес на заедницата, обезбедувајќи ги сите неопходни услови за пожарникарите да ја вршат својата работа брзо, ефикасно и безбедно.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*