Едукативен настан на тема Заштита од пиротехнички средства за Новогодишните празници во Делчево

Превенција, заштита и последици од употребата на пиротехнички средства кои се користат за време на Новогодишните празници беше главната тема на работилницата организирана со младите која денес се одржа во Делчево. Главната цел на предавањето како што истакнаа од деветолетката Ванчо Прке каде се одржа предавањето беше подигнување на свеста кај учениците за опасностите од употреба на пиротехнички средства. 

-Со предавањето беа опфатени учениците од петто и шесто одделение се одржа предавање кое опфати исклучиво важна тема во периодот пред новогодишните празници. Цел на предавањето е подигнување на свеста кај учениците за опасностите од употреба на пиротехнички средства, промовирање на безбедно празнување без употреба на пиротехнички материјали и  информирање на младите за законските последици и казните поврзани со нивната нелегална употреба, истакнаа од ООУ Ванчо Прке.

На работилницата како што додадоа од училиштето особено биле акцентирани опасностите од употреба на пиротехнички средства.

-Опасностите, општествените последици, загрозувањето на јавната безбедност, законската регулатива и казните исто така беа опфатени со едукацијата при што беа напоменати алтернативите за безбедно празнување преку отворен разговор со децата за ризиците и правилното однесување. Апелот е насочен кон родителите кои преку контрола треба да обрнат внимание на тоа што нивните деца купуваат и носат дома. Употребата на пиротехнички средства не само што носи опасности, туку и го нарушува мирот и хармонијата на празниците, додадоа од ООУ Ванчо Прке апелирајки на одговорна прослава на Новата година со почит кон себеси и околината. 

Предавањето се одржа од страна на помошник командир за јавен ред и мир  од Полициската станица во  Делчево, Марија Аџиска

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*