Епископ г.Марко богослужеше во Трст, Италија

Вечерна богослужба спроти храмовата слава во Трст, Италија. Во вторник, 25 декември 2024 год., во предвечерието на празникот посветен на Свети Спиридон Чудотворец, во истоимениот храм во Трст, Италија, беше отслужена празнична вечерна служба. На истата началствуваше Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско-каменички г. Марко, во сослужение на повеќе свештеници и ѓакони од Швајцарската Епархија, но и од други епархии.

Помеѓу присутните гости беше градоначалникот на градот Трст, г-дин Роберто Дипијаца (Roberto Dipiazza) како и бискупот на Трст, сињор Енрико Тревизи (Enrico Trevisi) со делегација од Тршката бискупија. Во својата поздравна беседа, домаќинот Епископот Швајцарски г. Андреј им се заблагодари на присутните за учеството во празничниот настан, но при тоа не заборави да го истакне огромното дело и важноста на Светог Спиридона за Православната Црква.

Неговиот допринос е значаен особено во формулирањето на Симболот на верата, особено на догматската фраза ,,Светлина од Светлина”.

На крајот Епископот г. Андреј се заблагодари и упати честитки по повод празнувањето на Бадната вечер, на бискупот Тревизи и градоначалникот Дипијаци, а при тоа не изостави да истакне, колку е важна соработката помеѓу верските заедници и локалната самоуправа.

По вечерната служба во црковната сала за присутните беше поставена богоугодна трпеза.

Овој настан беше одлична пригода за зајакнување на пријателските односи помеѓу заедниците и нивните претставници.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*