Трета година по ред, Јавната локална библиотеката ,,Илинден” од Делчево на почетокот на годината избира и наградува тројца ученици кои во изминатата година изнајмиле и прочитале најмногу и лектири и наслови слободна литература. За таа цел денес директорката Биљана Петровска им додели скромни награди
-Новата година Јавната локална библиотека „Илинден“ од Делчево, ја започнува со една активност која традиционално ја реализира на почетокот на годината. Трета година по ред, библиотеката на почетокот на годината избира и наградува тројца ученици кои во изминатата година изнајмиле и прочитале најмногу и лектири и наслови слободна литература.За 2024 година тоа се:
Ива Георгиева, Леонид Јосифовски и Лејла Јанковска. Денеска тие беа наши гости.
Честитки до сите нив, нека продолжат да читаа и во Новата година, истакна Петровска.



Доделувајки им ги наградите потенцираше дека неспорно е дека вештините за читање на детето се важни за нивниот успех во училиштето.
-И многу е можно да помогнеме да се обезбеди успехот на секое дете со тоа што ќе почне да чита од најмала возраст.
Придобивки од читањето за децата се повеќе и вклучуваат: Поддржан когнитивен развој, Подобрени јазични вештини, Подготовка за академски успех, Развивање на посебна врска со детето, Зголемена концентрација и дисциплина, Подобрена имагинација и креативност и Негување доживотна љубов кон читањето, подвлече Петровска.
Апелираше наградение да продолжат да читаат со што нивниот личен развој ќе продолжи и понатаму во животот.

Leave a Reply