Како што беше најавено Даниел Тренчовски, наш пејач по потекло од Малешевијата кој учествуваше на Ѕвезде Гранда, а моментално живее во Париз го објави својот нов спот за песната ,,Бела застава”.
Музиката и текстот за песната се на самиот Даниел, а аранжманот на Маријан Стоименов – Џика.
Спотот е снимен на локации во Добој
од Tropical Lifeisfun режиеан од Љуба Радојевиќ.

-Сакам од срце да се заблагодарам на сите кои учествуваа во создавањето на мојата нова авторска песна ,,Бела застава”. Вашиот талент, труд и посветеност донесоа на оваа песна посебна емоција и сила. Ви благодарам што сте дел од овој проект и што заедно правиме Бела застава да остави трага во срцата на сите оние кои ќе ја слушаат Ова е наша заедничка приказна и едвај чекам да ја споделам со Вас, вели Тренчовски во описот на видеото.

Leave a Reply