Македонските репрезентативци обезбедија бод на Светското првенство во ракомет после одличната игра против фаворитот Унгарија . Иако нашите ракометари имаа напад за победа во последните 30 секунди, сепак конечниот резултат на семафорот гласеше 27:27.
За играч на натпреварот беше прогласен нашиот капитен Филип Кузмановски со 10 голови. Добра партија пружи и голманот Никола Митревски кој беше одличен, особено во клучните моменти во натпреварот.
Во следното коло Македонија игра против Холандија која претходно убедливо ја совлада Гвинеја.

Leave a Reply