Втора зимска работилница со најмалите во организација на ЈЛБ ,,Илинден” Делчево

Уште поголем интерес за зимската работилница која Јавната локална библиотека „Илинден“ од Делчево, денес ја реализираше во читалната на библиотеката со 27 дечиња.

Со помош на дрвени боички, децата создадоа прекрасни слики на кои беше порикажана зимата, Дедо Мраз, снегот и зимските лудории.

-Сите слики ги изложивме во читалната. А за подарок, имавме нешто слично на лотарија…и нема лутиш, на кој што му се падна, а беше весело, интересно и насмеано. Во времето во кое живееме и се она што го носи модерното време, се повеќе деца се подолго гледаат во мобилниот, не се физички активни, и се дружат преку мобилниот или лаптопот, но ако имаат интересна и забавна активност или обврска сето тоа не е потребно и мобилиот е на пауза, истакна директорката Билјана Петровска.

Ова беше втората планирана работилница за време на зимскиот распуст, која се реализираше со многу радост, забава и креативност.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*