Подготовките за пролетниот дел течат според зацртаниот план, се тренира двапати дневно во двете спортски сали, претпладне се работи на физичката подготовка, а попладне на тактичко-технички вежби, соопштија од Ракометниот клуб ,,Делчево” на својот фејсбук профил.
-Првенството започнува на 01.03.2025, а до тогаш не очекува меѓународниот турнир ТРОФЕЈ ГРАДА НОВОГ САДА, кој ќе се одржи во Нови Сад, Р. Србија од 31.01-02.02.2025 година, додадоа од клубот од Делчево.
За потсетување претходната година на овој реномиран турнир делчевки го освоија првото место.







Leave a Reply