Во беровско Ратево продолжи вековната традиција ,,Ратевски Бамбурци”

Ратевските бамбурци, облечени во кожа, ја продолжуваат вековната традиција, која на 20 јануари, секоја година, се организира, по повод христијанскиот празник, Собор на Св.Јован Крстител, во с. Ратево.

Заедно со нив и годинава се испишува нова културна страница со која учесниците го бркаат зазлото и лошотијата од с. Ратево и од Малешевијата, каде што бамбурците се главните протагонисти.

Карневалските Бамбурци, како исконски јунаци, излезени од некоја митолошка разгледница, играат на селскиот мегдан и претставуваат вистинска атракција за гледање.

Настанот го организира Здружението на граѓани ,,Ратевски Бамбурци”, со помош на месната заедница, Општина Берово и општествено одговорни фирми, кои го помагнаат карневалот.

Традиционално секоја година на 20 јануари се организира карневал, маскирање во кожи од животинско потекло и маски со рогови. Карактеристично на карневалот, е црнењето , кое го симболизира здравјето и така останало од постарите, а продолжува да се негува со векови.

Маскирањето на Бамбурците почнува после полноќ на Водици, кога детските и возрасните групи се собираат заедно.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*