На барање на Германската амбасада, денес во посета на ЈЛБ „Илинден“ -Делчево, како што објавија од установата беше амбасадорката на Сојузна Република Германија во Македонија , Петра Дрекслер.
-Чест и задоволсво ни беше да и посакаме добредојде во нашата библиотека.Ја запознавме со работата на библиотеката, просториите и книжниот фонд. Посебно внимание посветивме на германската литература со која располага библиотеката, информирајќи ја дека имаме германска литература на македонски јазик, но немаме наслови напишани на германски јазик, изјави Петровска
Дрекслер и Петровска разменија идеи кои во иднина би можела библиотеката да ги реализира, а да бидат посветени на германскиот јазик.
На крај од посетата директорката на библиотеката им додели подароци на присутните поканувајки на повторна средба во блиска иднина.










Leave a Reply