Денес Претседател на Советот на Општина Делчево и член на Комитетот на Советите при ЗЕЛС, Гоце Попов зеде активно учевство во дебата на која ги посочи проблемите и предизвиците со кои се соочуваат советниците и граѓаните во Општина Делчево. Тема на разговор биле и предлози за измена на Законот за локална самоуправа со цел поголема автономија на Советите.
Одлуките на Советите да имаат обврзувачки карактер за општинската администрација и Градоначалниците со извештај за нивната реализација и казнивост за нивно неизвршување, начело на поголема отчетност за реализација на Одлуките кон Советот.
Можности и услови за отповикување на Градоначалник односно престанок на мандат како контролен механизам. Понатаму, разговаравме за потребата од намалување на бројот на Советници а водени од начелото на економичност при планирањето на Буџетите во Општините , можности на Претседателот на Советот за избор и назначување на свои соработници од редот на општинската администрација.
Еден заклучок е заеднички за сите а тоа е дека и Советите при општините и Градоначалниците мораат да работат заеднички во интерес на граѓаните кои ги избрале во спротивно потребен е механизам кои ке има можност да ги отповика!, истакна Попов во објавата на фејсбук.


Leave a Reply