Вечерва во Берово беа отворени Работнички спортски игри во мал фудбал. Традицоналната спортска манифестација, се одржува под организација на општина Берово, а натпреварите се играат во спортската сала ,,Македонски бранители”. Спортскиот настан кој е еден од ретките од ваков карактер во источна Македонија го отвори градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски кој посака успешни, мирни и фер Работнички спортски игри.
-Турнирот има за цел, да се подобри соработката помеѓу институциите на локално ниво, но и да се подигне спортскиот дух во градот, да се градат врвни особини, каде дисциплината придонесува во успехот на сопствениот тим. Спортско дружење, рекреација, здравиот дух и компетенција, исто така ни помагаат и во нашето секојдневно извршување на работните задачи и во градењето подобри личности, а дружбата е спомен за памтење, истакна Пекевски.
Организаторите на сите учесници им посакаа добра фер игра, спортска друужба и подигање на спортскиот и натпреварувачки дух со желба да победи најдобриот.
Во првото коло силите ги одмерија Жито Малеш и АРСМ и АРСМ Гарнизон Штип како и екипите на МВР Полиција и Центар за социјалн иработи и СУД. Вечерниот термин е резервиран за натпреварите помеѓу екипите на Национални Шуми и Пилани и Општина берово и ЈКПР како и Брегот на слоновата коска и Приватни фирми. Слободни во првото коло се екипите на Образование и Фагус

Leave a Reply