Сашка Борисова Илчевска е наша Македонка која живее и работи во Италија, по потекло од Скопје, сопруга и мајка на две деца. Таа е специјализиран дермопигментист и специјален козметичар за лице кој веќе година ипол го води својот Салон за убавина во кој може да најдете широк спектар на третмани за напредна естетика, третмани со најнов технологија со врвно ниво на лице и тело.

Нејзината упорност и посветеност и образование во Италија и овозможиле да биде забележана и да има можност да отвори свој Салон во кој има две вработени и секојдневно се посветува на негата и разубавувањето на нејзините клиентки.
На отворањето на Салонот беа присутни преку 400 луѓе, македонци и италијанци како и градоначалникот на матичната општина кој го означил отворањето.
Жените се најубави кога се сигурни во себе и не е потребна драстична промена, туку грижа и нега за себе која ги прави среќни и задоволни, додава таа.

Сашка има завршено Академија за естетика во Алба, како и многу курсеви за специјализација во Милано, Торино и Рим во областа на дерматологијата и лице, а посебно е позната по изработка на веѓи односно Microblading (јапонско исцртување), третман кој нашите македонки можат да го прават во нејзиниот Салон и се горди што ги носат истите.
Нејзината посветеност и процесионалност ја почитуваат и италијанците кои во повеќе наврати ја објавуваат во весници како Gazetta d’Alba и La Stampa.
Изрази благодарност до сите наши иселеници во Алба кои ја поддржувале и промовирале во нејзината работа .
Во продолжение можете да видите фотографии од префинетиот амбиент во Салонот за убавина, со елегантен стил Sasha Beauty Studio и секако нашата македонка која со голема гордост не претставува.













Leave a Reply