Во извештајниот период за второто полугодие од 2024 во Делчево се бележи намалување на бројот на кривични дела за кое гонењето се презема по службена должност. Ова го истакна командирот на Полициската станица од Општа надлежност Делчево посебно истакнувајки, дека има намалување на бројот на пријавени кривични дела од областа на семејно насилство, при што во овој извештаен период се пријавени само 2 кривични дела.
Согласно чл.25 ст.1 од Законот за полиција, Командирот на Полициската станица од опита надлежност Делчево, Лејла Анакиева на псоледната Седница на Совет го достави Извештајот за јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата на подрачјето на Општина Делчево за периодот од второто полугодие од 2024 година.
Во текот на второто полугодие од 2024 година како што истакна Анакиевска, службата за јавна безбедност при Полициската станица од општа надлежност Делчево својата работа ја остваруваше во услови на ниво на своите задачи и обврски согласно донесените закони, подзаконски акти и правилници.
-Безбедносната состојба на подрачјето што го покрива ПС од ОН-Делчево во овој извештаен период се оценува како стабилна и поволна каде што ОВР Делчево активно работеше во спречување на вршење кривични дела и прекршоци, секако и тековно спроведување на сите планирани редовни и вонредни задачи и полициски активности.

Имаме мало зголемување на бројот на нарушувања на јавниот ред и мир кое се должи на поголем број откриени сторители уживатели на опојни дроги и тоа во овој извештаен период се 8, а исто така имаме и 7 нарушувања на јавниот ред со мир со лажно пријавување на настани со цел предизвикување на интервенција на полицијата. Исто така сакам да нагласам дека имаме две нарушувања на ЈРМ кои се поднесени против родителите на малолетници кои вршат прекршоци за занемарување грижа на дете по (чл. 34) од ЗППЈРМ.

Во овој извештаен период имаме намалување на бројот на догодени сообраќајни незгоди и немаме сооб. незгоди со загинати лица.
Во текот на овој извештаен период од страна на отсекот за превенција постапувано е по повеќе проекти.
Исто така одржувани се работни средби со претставници на граѓанскиот сектор и средби со сопственици на угостителски објекти, претставници на МЗ и УЗ, спортски клубови, училишта. Се со цел намалување на бројот на пријавени кривични дела и прекршоци, истакна Анакиева, пред делчевските советници.

Leave a Reply