По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Делчево традиционално со мало внимание (цвеќе), но со огромна почит и љубов го честитаа празникот на жените од повеќе институции и установи.
-Им го честитавме празникот на Итната медицинска помош Делчево, Граничниот премин Делчево, Полициската станица Делчево, како и на многу други жени од нашиот град кои секојдневно, тивко, но со голема сила и пожртвуваност, го даваат најдоброто од себе за заедницата.
Празникот е потсетник дека секоја жена заслужува почит, внимание и признание од жена на жена, денес и секој друг ден!
Среќен 8 Март!, се вели во објавата на УНИЈАТА НА ЖЕНИ ПРИ ОК НА ВМРО ДПМНЕ.

Leave a Reply