Пет редовни читателки наградени од ЈЛБ ,,Илинден” Делчево

Традиционално и оваа година, по повод Меѓународниот ден на жената, 8-ми Март, ЈЛБ „Илинден“ – Делчево, избра и награди пет најредовни читателки. Овој 8-ми Март, тоа се: Снежана Стојчевска, Валентина Даневска, Благица Стоименовска, Јулија Крстевска и Сања Димитровска.

Од библиотеката тие добија подарок книга и цвеќе со желба и понатаму да бидат наши редовни читателки.

Џинџер Роџерс рекол:„ „Не постои ништо лошо во тоа да се биде силна жена. На светот му се потребни силни жени.“
А за да се биде силна жена,покрај се друго , жената треба да работи на себе, секој ден, а тоа подразбира и да се едуцира, и да учи и да чита, се вели во пораката на ЈЛБ ,,Илинден”.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*