Пискотници ги разбудија кочанчани рано изутрината по големиот пожар во дискотеката „Пулс“, во кој се’ уште се бројат жртвите, кои се десетици. Голем е бројот и на повредени. Дел се пренесени во болниците во Штип и Кочани, дел во Скопје. Некои од родителите се пред кочанската болница, барајќи ги своите деца, откако не успеале да ги добијат на телефон. Се споделуваат фотографии на овие млади, со телефонски броеви, преку кои се бара каква било информација за нивните најблиски.
Некои починале од гушење, по вдишување на чад, други изгореле.
На друг крај од болницата, во мртовечницата, каде нема места да се соберат телата на сите загинати, па наредени пред објектот се врши препознавање. За некои од телата ќе биде тешко препознавањето. Црвениот Крст прави списоци на загинати.
Трагедијата е огромна, а хаосот уште поголем, бидејќи во моментот на избувнување на пожарот, околу 3 часот рано изутрината, имало околу 1500 посетители на дискотеката на концерт на ДНК. Се работи за главно млади луѓе од Кочани, Штип, Виница и другите околни места.
Пожарот, неофицијално настанал од светлечки ефекти или употреба на пиротехника.

Leave a Reply