Црвен крст Делчево ги едуцираше учениците како да укажат Прва помош при епилептични напади

По повод Светскиот ден на епилепсијата, 26 Март, во организација на Општинската организација на Црвен крст Делчево, се одржаа две едукативни работилници во деветолетките Ванчо Прке и Св Климент Охридски.

-Им укажавме на младите односно им покажавме што е епилепсија на кој начин треба да реагираат, на кој начин треба да укажат прва помош и што треба да прават и што не треба да прават во таков случај, истакна Претседателката на Црвен крст Делчево, Билјана Георгиевска.

Активностите, како што додаде Ивана Ангеловски, организационен секретар во Црвениот крст во Делчево, за прв пат се дел од програмските активности по Прва помош.

-Во програмата го вметнавме и овој дел за укажување прва помош при епилептични напади. Интересот на учениците беше задоволителен, тие се интересираа и прашуваа она што ги интересира. Со нив ги споделивме и податоците кои велат дека над 60 милиони боледуваат од оваа болест во цел свет, а над 15 милиони се на нивна возраст, додаде Ангеловски.

Во продлжение изјавите на Георгиевска и Ангеловска и две видеа како протекоа работилниците во самите деветолетки.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*