Вила Лејк Палас Берово нуди бесплатно сместување на повредените и семејствата на загинатите во несреќата во Кочани

Вила Лејк Палас Берово чиј сопственик е од Делчево нуди бесплатно сместување на повредените лица и семејствата на повредените од пожарот во Кочани.

Чистиот воздух богат со кислород, боровата шума и самиот амбиент околу Беровско езеро како што се вели во објавата може да овозможи одмор, релаксација и рехабилитација за опуштање на засегнатите од здобиениот стрес.

Понудата е отворена во текот на целата сезона, се додека семејствата имаат потреба од одмор.

Слободно споделувајте ја објавата за да стигне до семејствата на кои им е најпотребно, додаваат од Лејк Палас Берово.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*