Инспекциска контрола во PUB Делчево, од клубот излегоа со јавно соопштение за случајот !

Почитувани и ценети наши клиенти, гости, соработници и пријатели

Денес во 12:00, истовремено и коориднирано во двата угостителски објекти на правното лице СО СИНКОТО ДООЕЛ Делчево, PUB Делчево и хотел ресторан МОНОПОЛ’о, беше спроведена координирана акција на инспекциска контрола и надзор од страна на државните инспекторати, дирекции и министерства:

  • Министерство за внатрешни работи
  • Финансиска полиција
  • Државен пазарен инспекторат
  • Дирекција за заштита и спасување

Од страна на инспекторите во вршењето на контролата и надзорот беа воочени одредени недостатоци, согласно одредени законски правилници и регулативи, пред се во недостаток на техничка документација.

Изречена е усна забрана за работа на објектите, за која согласно закон ќе следи и писмено решение, се до отклонување односно обезбедување на утвредените недостатоци на објектите, согласно законските регулативи и правилници за работа.
Изречени се и платни прекршочни налози (казни), за соодветните недостатоци утврдени при инспекцискиот надзор и контрола.

Од страна на правното лице СО СИНКОТО ДООЕЛ и 2та објекта, PUB Делчево и хотел ресторан МОНОПОЛ’о утврдените недостатоци од страна на државните инспектори, во целост ќе бидат отклонети и обезбедени согласно укажувањето, а платните прекршочни налози ќе бидат уплатени на трезорската сметка на НБРМ во изречениот рок.

Им се заблагодаруваме на ОСЛ од ОВР Делчево, државните инспектори и КРИМ полиција, за коректниот однос, професионален пристап и комуникација.

А за “случајниот” избор и селективна селекција ќе се насмееме сами во себе 😊

Драги наши, се гледаме наскоро, во наш своинствен креативен и позитивен стил…, се вели во објавата на PUB Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*