Австрискиот амбасадор Памер во посета на Општина Берово

Градоначалник на Берово, Звонко Пекевски денес оствари средба со австрискиот амбасадор во Скопје, Мартин Памер.. На средбата со амбасадорот кој за прв пат ја посети Општина Берово, како што истакна Пекевски се разговарало за конкретните чекори што се преземаат, со цел интензивирање на билатералната соработка, помеѓу нашата држава и Австрија.

-Главен акцент на разговорите се во насока на унапредување на системот за комунална хигиена и системот за противпожарна заштита. Изразив благодарност  за поддршката која Австрија ја овозможи за Берово, во текот на пожарите 2021 година, како и за досегашната соработка и на Амбасадорот му ја претставив Општина Берово како и можностите за развој, истакна Пекевски.

Беровскиот градоначалник од својот колега добил известување дека е во тек проект за поддршка за формирање на доброволни противпожарни единици, во повеќе градови, при што  Општина Берово би можела да се вклучи во проектот.

Пaмер во рамки на престојот заедно со Пекевски ги посетија фирмата Агромакс, Домот за стари лица ,,др.Иван Влашки” и Музејот на град Берово.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*