ООУ ,,Св.Климент Охридски го одбележа Меѓународниот ден на лицата со аутизам

Денешниот ден 2 април кој е прогласен за Меѓународен ден на лицата со аутизам, Општинското основно училиште „Св. Климент Охридски” од Делчево го одбележа со работилници и активности од страна на учениците, со поддршка на специјалните едукатори и рехабилитатори и педагогот на училиштето.

Активностите беа реализирани преку иницијатива за подигнување на јавната свест за лицата со аутизам со брошури, преку кои ученици поделени во групи, ги презентираа симптомите и знаците на аутизам во сите одделенија од шесто до деветто.

Исто така беше реализирана работилница со ученици од четврто одделение, на која беше презентиран краток анимиран филм за аутизмот и изработка на дрво со делови од сложувалка во знак на поддршка и прифаќање на лицата со аутизам.

Секој 2 април се одбележува Денот на лицата со аутизам, но тоа не значи дека за оваа состојба треба да зборуваме само тој ден, би требало да имаме слух за тоа секојдневно и да ја подигнуваме колективната свест за потребите и проблемите со кои лицата со аутизам и нивните семејства постојано се соочуваат.

Аутизам е нарушување на невролошкиот развој, кое се одликува со намалена способност за социјализација и комуникација и со ограничено и повторливо однесување.

Оваа денешна иницијатива ја завршуваме со следнава порака „ИАКО СМЕ РАЗЛИЧНИ, СЕПАК ПРАВИМЕ СОВРШЕНА СЛИКА”.

Им се заблагодаруваме на учениците кои упатија јасни пораки и се надеваме дека ќе бидат слушнати од сите Вас за да живееме во свет без предрасуди, се вели во информацијата од делчевската деветолетка.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*