Победата над екипата на Стружанка во рамки на четвртфиналниот натпревар кој се одигра во Делчево, кадетките и ја посветија на прерано починатата Андреа Ампова. Тренерот Горан Велков по завршувањето на натпреварот информираше дека во нејзина чест наскоро ќе биде организиран Меморијален турнир.
За денешната победа над Стружанка истакна дека е задоволен иако пред крај на натпреварот домашните ракометарки се опуштија, шро го искористија ракометарките на Стружанка да замина дома со само два гола негатива.

За реваншот најави дека нема предавање, очекувајки влез во фајнал-фор натпреварите.

Leave a Reply