Две бронзи за Кик боксинг клубот Ас Делчево од Европскиот куп Гран при во Сараево. Андреј Митков бронзениот медал го освои, откако во последното коло ја загуби борбата против црногорски противнички диск Фул контакт за помлади јуниори – 54 кг. Тој беше пријавен во борбите до – 48 кг, но бидејќи немаше противник, беше префрлен да се бори со потежок противник.
Павел Стојчевски за првпат настапи во сениорска конкуренција во Фул Контакт – 71 килограм, борба во која израелскиот противник беше пресилен за него во полуфиналето.
Анд
Во втората борба Митков, несреќно загуби во последната секунда со водство од 2-1 добивајќи удар по крајот на третата рунда, но судијата веднаш му одброи и го санкционираше црногорскиот борец за удар по прекинот.
Но и среќата е дел од спортот, вели тренерот Љупчо Стојчевски. Тој изрази благодарност до сите поддржувачи на кик боксерите на ова патешествие во Сараево.








Leave a Reply