Победи на Брегалница и Овче Поле, Слога со рекордни 15:0 го понижи Хоризонт

Екипата на ФК Брегалница Делчево со резултат 2:1, полувреме 0:0 славеше над екипата на Светлост Зрновци во натпревар од 13-тото коло кој се одигра на Градски стадион ,,Гоце Делчев”. Откако имаа три, четири шанси во првиот дел преку Ратков, Делчевци поведоа дури на средината во второто полувреме со автогол на Гаврилов, по одлично нафрлениот центаршут на Стаменовски.

Екипата од Зрновци беше блиску до бод, откако со контроверзен гол изедначи на 1:1, гол кој првично судијата го поништи, па потоа го призна.

За да овој резултат не биде конечен се погрижи Пешовски во 93-тата минута. Тој по нафрлена топка од Стоилковски стрелаше прецизно во голот на Георгиев за 2:1, со што сино-белите заслужено победија во овој тежок натпревар за игра.

Денес можеби најубедливата победа во историјата на третолигашкиот и македонскиот фудбал воопшто ја забележа лидерот на табелата Слога Виница, која со превисоки 15:0 беше подобра од Хоризонт Турново.

Овче Поле забележа исто така значајна победа. Свети Николчани на домашен терен ја прекинаа серијата победи на екипата на Карбинци, совладувајќи ја со 1:0.

Во Берово, домашниот ОФК Малеш потклекна во дуелот со Дојранско Езеро, од кој беше поразен со 0:1.

Во ова коло победа забележа и Ударник, кој во Струмица славеше над последнопласираната Тиверија со 0:3.

РЕЗУЛТАТИ 13.КОЛО :

Брегалница 1926 – Светлост 2:1

Слога В – Хоризонт 15:0

Тиверија – Ударник 0:3

Овче Поле – Карбинци 1:0

ОФК Малеш – Дојранско Езеро 0:1

ТАБЕЛА

1. Слога 36

2. Овче Поле 23

3. Брегалница 1926 Делчево 23

4. Дојранско Езеро 20

5. Карбинци 18

6. ОФК Малеш 17

7. Хоризонт 16

8. Светлост 15

9. Ударник 10

10. Тиверија

Во следното коло Брегалница гостува кај екипата на Карбинци.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*