Денес на 13.04.2025 год., кога православната црква го празнува празникот Цветници, Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско-каменички г. Марко, во сослужение на свештенослужители од епархијата отслужи Света Божествена Литургија во храмот посветен на ,,Успение на Пресвета Богородица” во Македонска Каменица.

По читањето на Евангелието Епископот одржа пригодна беседа во врска со денешното Свето Евангелие, во која го протолкува денешниот настан. Верниот народ за време на Литургијата ги прими Божествените дарови.


Leave a Reply