Здружението Фолклорна група Копачка, с.Драмче, Делчево вчера учествуваше на 8-то издание на Националниот фолклорен фестивал “Велигденски фолклорни средби”. На платото пред Домот на културата “Илинден” Демир Хисар присутните имаа можност да проследат фолклорна програма од богатата фолклорна ризница на Македонија од нејзините различни етнички предели.

На овогодинешното издание на фестивалот учество зедоа над 250 учесници, членови на културно уметничките друштва:
💠 КУД “Илинден” Демир Хисар
💠 КУД “Рацин” Кичево
💠 ЗФА “Копачка” Драмче – Делчево
💠 КУД “Мирка Гинова” Демир Капија
💠 КУД “Илинден” Битола
💠 КУД “7-ми Септември” Македонски Брод
💠 КУД “Брвеница” Брвеница
💠 ФА “Гоце Делчев” Битола
📸 Фотографија: Игор Јовановски




Leave a Reply