Се потсетуваме на една ретро статија објавена на ВБУ Музички регистар посветена на култниот делчевски бенд Верка.
По речиси тригодишно опстојување на македонската андерграунд сцена, делчевската група “Верка”, конечно успеа да си го најде своето место меѓу големите македонски бендови. Тие се победници на “Рок фест 2001”, а оттогаш наваму имаат свирено повеќепати во Скопје. Исто така, беа победници на “Демо таксират кој им овозможи да свират на “Таксират 1+2”, потоа на “Бум фестивалот, а имале и повеќе самостојни клупски свирки меѓу кои и во клубот “Лејди блу пред еден месец. Учеството на “Таксират 1+2” многу им значи затоа што настапуваа пред една од култните словенечки групи “Лајбах” што сосема одговара на нивниот саунд. Од големите светски бендови и не можат да издвојат некој посебно, би дејки велат дека сите слушаат некаков вид музика од Мадона до “Морбид ејн-цел”, а сето тоа некако латентно влијае на нивната музика пред да го оформат својот бенд.
Половината од членовите на една од најдобрите македонски андерграунд бендови – “Верка” живее во Скопје, а половината во Делчево, но тоа не им пречи да функционираат и да бидат омилени низ цела Македонија, ами напротив…
Иако момците се од Делчево, скопската публика ги прифаќа како своја, како скопска група. Лидерот на групата Никола Тричко вели дека на публиката никогаш не гледале како на скопска или делчевска. Андеграунд сцената никогаш не ја делат на скопска, делчевска, штипска итн.. затоа што тоа се многу мали сцени и не може да се класифицираат како посебни Никола и неговите компањони, Зоран Андо-новски – Типе кој свири на гитара, Влатко Горгиевски – Далтон на тапани, Бране Антовски – Брак на тапан, тарабука и гајда, мислат дека тие и сите останати бендови од Македонија, се што ја создаваат и онака мапата андерграунд сцена, и не треба да се делат според градовите или според стипот метал, хард кор, неометал итн. Со поголемиот дел од скопските бендови имаат одличен, колегија-пен однос, се почитуваат, се помагаат. Бидејќи студираат, Никола и Влатко моментално живеат во Скопје, а Зоран (кој патем е вработен како професор по англиски јазик) и Бране во Делчево. Тоа им создава некакви технички проблеми, но скопските групи им помагаат со тоа што им отстапуваат место за проби кога е тоа потребно (особено се блиски со гру пата “Сињак”). Секако и “Верка” се труди да помогне колку може. Иако живеат во различни градови, сепак, тоа не им претста вува некој поголем проб лем. Тие велат дека отсекогаш функционирале така, дури би било чудно да се заедно во секој момент.

“Верка” својот стил на музика го нарекуваат “цага метал”, затоа што џага на делчевскиот дијалект значи моторна пила, што сосема латентно влијае врз нив кога ја создаваат својата музи ка. Инаку пред да се оформи овој бенд Никола сви-рел на клавијатури и пеел во “Њу ејџ Месаја” (второ пласирани на Рок фест 1999 г.), а Влатко и Зоран во “Модифајд гадс” (победници на Рок фест 1998 г. кога Зоран беше прогласен и за најдобар гитарист на Фестивалот и ја доби нај вредната фестивалска на града електрична гитара “јамаха”). По немилиот настан кога му го украдоа син тисајзерот, Никола се пре ориентира на бас гитара и заедно со Зоран почнаа да свират дома, а по кратко време им се приклучи и Влатко и така настана “Верка”. Никола вели дека воопшто не е бас гитарист, и дека кон бас гитарата нема пристап како басист. Во моментов преку басот излегува неговата енергија, тоа што го чувствува и дека тоа е сосема нормално за еден музичар. Сепак, му се допаѓа инструментот, иако тој не го одбарл, туку басот го одбрал него.
Од мај до декември 2001 година беа во студиото на МТВ каде што снимија пет песни. Многуте проблеми и неусогласувањето го оддолжи нивното снимање, но сепак успеаја да снимат пет песни. Со “Литиум рекордс” направија договор овие песни да се издадат како демо албум, кој се појави како додаток на фанзинот Коркордис. Никола и останатите членови ова демо ке го испратат во некои поголеми светски издавачки куќи, а од “Литиум рекордс”, пак, веќе е дојдена понуда за потпи шување договор, но членовите на “Верка” се уште размислуваат за тоа, би дејќи не сакаат да избрзувааат.
Последниот нивни јавен настап беше на The best of Rock fest во клубот “Лејди блу кога заедно со повеќе групи победници на изминатите Рок фести вали настапија пред скопската публика и доживеаја вистински овации како да се работи за светски бенд.
М. Грбевски
Фотоси:
А. Горгиев
19
Извор: ВБУ Музички регистар

Leave a Reply