ФОТО+ВИДЕО: Како се одбележа Велигден во Делчево !

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!!!!
НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!!!

На најголемиот христијански празник Воскресението Христово, Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско – каменички г. Марко, во сослужение на свештенослужители од епархијата началствуваше Воскресната велигденска богослужба која започна по полноќ, во храмот,,Успение на Пресвета Богородица” во Делчево.

После Литургијата верниот народ кој беше присутен во голем број ги прими Светите Дарови, а Епископот на сите присутни им подели велигденско јајце.

Истиот ден со почеток во 13 часот на пладне, Епископот во сослужение на свештенството началствуваше на вечерната молитва на која се читаше Свето Евангелие според Јован 20 глава, на повеќе јазици.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*