Фото+Видео: Пораки од наши читатели за повторно палење на Градската депонија !

Утрово добивме фотографии и видео од наши читатели од Први Реон Делчево преку кои информираа дека Градската депонија Острец повторно е запалена.

Во минатото долги години наназад сведоци сме дека оваа појава е честа особено во период на топлите месеци, а како најчеста причина за палењето се наведуваше човечки фактор и во одредени ситуации ослободување на оган од стакленичките гасови.

Дали би можело да се најде решение во скоро време за овој проблем останува да видиме, она што е сигурно е дека чадта сите ја дишеме и предизвикува штета по здравјето на граѓаните.

Единствено можно решение е профункционирањето на Регионалната депонија, чие функционирање се уште не е започнато.

Она што останува дотогаш е миризбата од чадта кои ја чувствуваат сите, а најмногу жителите од Милково Брдо и селото Габрово од каде и најчесто до нас пристигнуваат пораки за влошената состојба на депонијата во летните месеци.

Во продолжение неколку форографии и видео од наш читател од Први Реон:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*