Јавната локална библиотека ,,Илинден” Делчево денес ги отвори вратите за четвртооделенците од Општинското основно училиште „Св.Климент Охридски“ – Делчево кои по предметот Македонски јазик, на тема Медиумска писменост учеа за Саем на книга и посета на библиотека.
-На барање на наставничките, Јулија, Даниела и Васка, ЈЛБ „Илинден“ – Делчево, денеска не само што им ги отвори вратите на дечињата, покажувајки им како работи една библиотека, туку и импровизиравме саем на книга, за да можат децата сликовито да видат како би изгледал еден саем на книга и што се прави на него, истакна директорката на установата Биљана Петровска.
Учениците како што додаде имаа можност да разгледаат три штанда поставени во читалната на библиотеката и да научат како треба да се однесуваме кога сме на саем на книга.
-Вработените во библиотеката пак, им покажаа како се издаваат книги, како се обработуваат и на кој начин функционира една библиотека. Меѓу нашите гости беше и Дариа Петровска, која како претставник на ЈЛБ”Илинден” – Делчево, учествуваше на манифестацијата “Пролет,љубов,смеа” во организација на Општинска установа Дом на култура “Крсте Мисирков” – Св.Николе и од таму доби благодарница. Честитки за Дариа. Ни беше мило што беа наши гости, додаде Петровска.
Продолжуваме да се дружиме, учиме и соработуваме!, се вели во објавата на ЈЛБ ,,Илинден” Делчево.

Leave a Reply