ЗФГ КОПАЧКА с. Драмче, Делчево врши упис на нови членови, млади и возрасни, пејачи, играорци и инструменталисти!
Доколку: го сакате пијанечкиот изворен фолкор особено светското културно наследство, орото КОПАЧКАТА, впишано во Репрезентативната листа за нематеријални културни наследства на човештвото; тогаш нашата Група е вистинското место за Вас.
Насочете го вашето дете (над 12 години) и подржете года се запише за да се развива правилно, здраво и самостојно.
Но ова е и вистинско место за оние веќе докажаните, кои го практикуваат и изведуваат овој наш фолклор и се во поодминати години.
Честа и задоволството е дотолку поголемо, бидејки за само 500 денари годишна чланарина, имаме голем број патувања, концерти и настапи во земјата и во странство, кои придонесуваат за склопување на нови пријателства и незборавни доживувања и дружења, како и со запознавањето на нови култури и културни знаменитости, градови и фестивалски места, кои се врежуваат длабоко во нас и ни будат прекрасни чувства.
Не губете време, прифатете го предизвикот и веднаш обратете се на нашиот телефонски број или во порака!
Кој е со нас знае. БИДЕТЕ И ВИЕ СО НАС!
Пробите се одржуваат во реновираната сала на Спомен домот АСНОМ, со почеток во 17 часот во вторник и недела. Имаме затворена ФБ група КОПАЧКА активни носители, каде ги пласираме сите информации во врска со проби, пријавувања за настапи, списоци…
Ве охрабрувам да ми пишете и да побарате да Ве вклучам во Групата. https://www.facebook.com/persa.stojanovska
https://www.facebook.com/groups/400372687103872
https://www.facebook.com/groups/120612861303873
Ваше е да се јавите, а за останатото ќе се погрижиме ние, раководниот тим на нашата фолклорна група КОПАЧКА.
Ве очекуваме,
070917038
ЗФГ КОПАЧКА с. Драмче, Делчево
Перса Стојановска- раководител

Leave a Reply