Денес во Општинското средно училиште „Ацо Русковски“ – Берово се одржа промотивен настан за проектот “ЗДРАВА ИСХРАНА ЗА ЗДРАВА ТЕЖИНА“.
Овој проект е овозможен преку Еразмус+ програмата на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Училиштето е добитник на грант средства во износ од 51,992.00 евра кои се искористени за двонеделно студиско патување и обука на учениците од угостителско – туристичката струка во областа Умбрија, Италија.
Проектот има за цел училиштето да ги постигне приоритетите од развојниот план поврзани со промоција на здрави навики во исхраната.
Друга приоритетна цел е вклучување на образованието за здрава исхрана во наставните програми на угостителската струка со цел учениците да бидат промотори на здрави навики во исхраната.





Leave a Reply