Блиц интервју со наши сограѓани креаторите на Komercio.com

Што е Комерцио?

Интернет-апликација, која се користи со прелистувач како Chrome, Mozilla Firefox и слично. Корисникот не презема никаква програма или софтвер на својот компјутер, таблет или мобилен телефон. Бидејќи е потребен само интернет-пребарувач, може да се користи и на мобилен, а сите паметни телефони имаат (Chrome, Mozilla и сл.)

За кого е наменет Комерцио?

За секојдневните посетители Секојдневните посетите можат да ги посетуваат страните на постоечките фирми и да се информираат за состојбата на таа продажните места како имејл, телефон, опис на фирмата, работно време (доколку има напишано). Посетителите можат да се информираат за промоции или сите други информации јавно поставени од сите продажни места.

Секоја фирма може да си изгради едноставен бесплатен профил на фирмата, како и бесплатен профил на сите продажни објекти. Продажните објекти можат да создаваат објави за информирање на јавноста; на пример, нови вработувања или промоции. Ова е убава можност за сопствениците на бизниси да си направат своја убаво стилизирана интернет страна. Овие профили се јавно достапни, без потреба посетителите да се зачленат на фејсбук и без дополнителни функционалности кои го оптоваруваат профилот. Профилите изгледаат како сопствена интернет-страна, а не како фан-страна на фејсбук. Профилите можат да биде споделувани за промоција на својата фирма.

За објавување на цените на малопродажните фирми

Сите малопродажни фирми заведени под трговската бројка 47 треба да ги објават цените на производите на посебна интернет страна и во склад со Правилникот на Министерството за еконија. Промените на цените и промоциите треба да бидат заведени на страната секој ден, најдоцна до 10 ч. Наутро. Комерцио ја овозможува оваа функционалност. Ако фирмата има свој интернет-сервер, нема потреба од никаква работа за задоволување на законот, бидејќи Комерцио ги чита цените, ги обработува и ги прикажува во склад со официјалниот правилник. Оваа услуга е платена и заинтересираните можат да контакитраа.

Ако сте големопродажна фирма (т.н. дистрибутер), Комерцио е за Вас

Имаме креирано систем кој многу ги намалува Вашите парични трошоци, многу ја подобрува комуникацијата со Вашите клиенти, ја поедноставува организацијата, Ви ослободува време и Ви дава психички мир. Вашите купувачи можат да прават директни нарачки до Вас. Вие можете да правите предлог-нарачки до Вашите клиенти. Клиентот ја разгледува предлог-нарачката, ги изменува бројките кои Вие сте ги предложиле, по што ја одобрува. Во изработка е и систем за автоматски нарачки од кој ќе бидете презадоволни и Вие и Вашите клиенти. Комерцио дава можност и за дистрибутерите да прават предлог-нарачки со нивните клиенти, кои ја изменуваат и/или потврдуваат предлог-нарачката. Оваа можност е подлабока, иако направена наједноставно можно. Ова ја остранува потребата од физичко одење во маркетите на клиентите со возило (гориво, можност за незгоди), чекање на задолжените во маркетот, шетање во маркетот (гужва, писхички притисок). Заинтересираните дистрибутери можат да контактираат за понатамошни информации. Ова многу ја олеснува работата и на малопродажните објекти бидејќи овозможува нарачките да бидат правени преку интернет-страница во било кое време од денот и ноќта, од било која локација со интернет (на одмор, друга држава, во ред на чекање некаде). Истовремено, се отстранува потребата за физичко чекање на другиот за правење нарачка, или јавувања по телефон, па можни чекања на телефон.

Каков е потенцијалот на Комерцио?

Со соодветен договор, дистрибутерите можат да ги претстават своите производи на голем број потенцијални купувачи во целата држава, кај кои немаат продажба. Но, ќе можат да ги претстават своите производи и на купувачи на Балкан, Европа и во цел свет. Осмислена е технологија за автоматски нарачки меѓу дистрибутерите и малопродажниците. Ова ќе има огромен позитивен ефект при секојдневните набавки за кои лица од маркетите и дистрибутерите трошат многу време, пари и психички напор. Следниот предвиден чекор е интернет продажба со посредништво на Комерцио.

Контакт: 070-945-499, E-mail: vtorgugl@gmail.com

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*