Успешно спроведена акцијата Генералка Викенд во Делчево, Берово и Пехчево

ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД ВО ДЕЛЧЕВО

И годинава Општините Делчево, Берово и Пехчево активно се вклучија и ја подржаа најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 2025

Во акцијата во Делчево покрај вработените од општинската администрација вклучени беа и учениците од основните општински училишта Ванчо Прке и Св. Климент Охридски како и учениците од средното општинско училиште Методи Митевски Брицо и Јавното комунално претпријатие кое е задолжено целиот отпад кој ќе биде соберен да го превземе и депонира.

Синхронизирано на повеќе локации во градот се чистеше отпадот со предвидена активност за чистење на просторот на потегот кај автобуската станица во Делчево до спој со ул. Индустриска, делот од просторот зад маркетот Супер КИТ-Го, додека учениците беа задолжени да ги чистат дворовите на училиштата.

Целта на оваа еколишка акција е да има двоен ефект во заштитата на природата. Со пролетниот дел од оваа акција планирано е да се собере отпадот од голем број локации ширум земјата, а со есенскиот целта е да се придонесе за збогатување на шумскиот фонд.

На ваков начин се продолжува реализиацијата на платформата „Свет без отпад“ и иницијативата за намалување на CO2 во атмосферата, се вели во објавата на Општина Делчево.

https://www.delcevo.gov.mk/novosti/32301

ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД ВО БЕРОВО

,,ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД” во Берово се реализираше во организација на Општина Берово, МЕН ЕНД МАУНТЕН, ЗЕЛС, Пивара Скопје, Нула отпад и ПАКОМАК, на повеќе локации.

Во акцијата се вклучија и училиштата и институциите на локално ниво, како и волонтери на Црвен крст на Македонија.

Големата еколошка акција ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД, е поддржана од општествено одговорни компании: LIFE Sparkasse, EVN – Македонија, Мак Стил, Бучим, Saubermacher БИ Милк и Костал.

Целта на акцијата беше да се собере што е можно повеќе отпад, кој ќе се носи до најблиската ПАКОМАК или локална станица за отпад. За секои 10 килограми собран отпад.

Министерството за земјоделство заедно со Национални шуми ќе посади по 1 дрво во рамките на нивните годишни програми за пошумување.

Акцијата за чистење ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2025, е активност која ја спроведуваме, за да придонесеме во подигнување на јавната свест, за потребата од собирање и рециклирање на отпадот и позитивно да влијаеме за зачувување на животната средина.

-Исто така, сакаме да ве известиме дека, нашиот официјален партнер НУЛА ОТПАД иницира одлична акција наречена „ELECTRO GENERALKA 25“!Почнувајќи од 9-ти Мај па се до 13 мај 2025 година се спроведува посебна акција наречена „ELECTRO GENERALKA 25“. За таа цел на локација во близина на Дом за стари лица „Иван Влашки“ – Берово, е поставен контејнер за собирање на електричен и електорнски отпад како на пример: стари печатачи, компјутери, факс-машини, телевизори, телефони, видеорекордери, фрижидери, машини за перење, компресори итн… се што е во вашето складиште или подрум и со години не е во употреба, може да го оставите во контејнерот каде што ќе биде бесплатно превземено. Ослободете го вашиот простор и доставете го електро отпадот во контејнерот!

Целта на таквата акција, е правилно третирање на вашиот електронски отпад – рециклирање наместо одложување на отпадот,.се вели во објавата на Општина Берово.

ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД ВО ПЕХЧЕВО

Втора година по ред општина Пехчево учествува во генералка викенд, се со цел почиста животна средина, но и подигање на свеста за зачувување на животната средина и почиста околина.

Генералка викенд, се реализираше во соработка со Општина Пехчево, ЈУДГ “7-ми Септември” – Пехчево , ООУ “Ванчо Китанов” – Пехчево, Здравствен дом “Иван Георгиев” – Пехчево, Матична Библиотека “Кочо Рацин” – Пехчево, ЈКП “Комуналец” – Пехчево, ЈП Македонски шуми подружница “Равна Река”-Пехчево како и НВО секторот Организација на жени на Пехчево и Едукативниот центар за зачувување на природата во село Негрево и други волонтери и граѓани кои собираа комунален отпад од јавни површини во градот, како и периферија од градот за што им изразуваме признание и благодарност.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*