Волонтерите на Црвен крст Берово во акција за уредување на објектот на Дневниот центар

Група волонтери од општинската организација на Црвен крст- Берово, во соработка со Општина Берово, преку проект за промоција на хумани вредности, го оградија дворното место на објектот на Дневниот центар на лица со телесна или ментална попреченост.

Целта на реализацијата на овој проект е:

✅️ Промоција на хумани вредности
✅️ Продлабочување на мултикултурните врски
✅️Продлабочување на соработката помеѓу институциите на локално ниво
✅️ Мобилизација и насочување на младите, кон позитивни вредности, стекнување на нови знаења и вештини.

Имено , после 15 години, во Берово, се обновува организацијата на Црвен крст во акција за ПХВ.

Во рамките на проектот, Извршена е дисеминација на 30 ученици/ волонтери, за работа на мали проекти, за хумани вредности, од кои 12 од основното и 18 ученици од средното образование.

Преку обуки, младите волонтери се оспособуваат за работа на терен, стекнуваат знаења, како да ги истражат потребите на заедницата и како да дојдат до целната група на која и е потребно помош.

ЦКА-ПХВ (Црвен крст во акција- Промоција на хумани вредности), е национална програма која се реализира во ОО на Црвен крст , во цела држава.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*