Објава на ЈЛБ ,,Илинден”:
ЈЛБ „Илинден“-Делчево продолжува со промоција на роднокрајните автори пред нашите ученици.
Детската книга „Ајде да гласаме“ на роднокрајниот автор Стеван Спасовски, денес беше промовирана пред третооделенците од ООУ„Св.Климент Охридски“.
Читавме песнички од „Ајде да гласаме“, зборувавме за книгата, а роднокрајниот автор одговараша на прашања, што учениците му ги поставуваа.Беше интересно и весело.
„Ајде да гласаме“ содржи 31 песна и во книгата главни ликови се шумските животни. Сите стихови се со рима и ритам, што на дечињата им беше интересно и лесно за читање.
На крајот од нашето дружење зборувавме и за тоа што се роднокрајни автори и важноста за нив и нивното творештво. Благодарност до наставничките Ирена, Атанаска и Кате, што ни помогнаа во реализацијата на овој убав настан.

Стево Спасевски е роден 03.06.1954 година.Основно образование завршува во с.Ѕвегор, а гимназија во Делчево и Виница.Свои песни објавува уште во основно образование.
Во 1985 година ја објавува првата стихозбирка „Под сенките на ветерот“, во 1989 година и втората стихозбирка „Траур“.Во 2010 година излезе од печат третата стихозбирка „Деноноќие“ и стихозбирката„Ротации“.
Роднокрајниот автор сега живее и твори во с.Ѕвегор и Делчево.
Уште едно убаво и весело дружење ,се надеваме на повторна наша средба, се вели во објавата на ЈЛБ ,,Илинден” Делчево.

Leave a Reply