Изминатиот петок по влошени временски услови пехчевските матуранти се простија од училишните клупи. Како и секоја година, Општина Пехчево организираше свеченост по повод матурирањето на плоштадот ,,Св Петар и Павле”, каде свое обраќање со честитка до матурантите имаше градоначалникот на Пехчево, Александар Китански.

Почитувани Матуранти,
Нека ви е честито матурирањето и со среќа зачекорувањето во полнолетството. Сега, кога влегувате во светот на возрасните, насочете го вашиот младешки потенцијал кон позитивните вредности. Пред се во личното обликување во корисен член на општеството кое заеднички го градиме. На крстосницата од животот немојте да ги заборавите традиционалните вредности: семејството, културата и добрата воља меѓу луѓето. Тие ве оплеменуваат и ви помагаат многу поуспешно да се справите со предизвиците на животот во кој што зачекорувате. Младоста е движечката сила на секое општество. Младите се нередната генерација македонци, промотори на нашиот културен, економски и политички развој. Овие вредности јас Александар Китански и Локалната самоуправа целосно ги почитуваме, а тие се врвен приоритет и во работењето на општина Пехчево. Образованието нека ви биде цел. Бидејќи само образована младина и продуховен народ ќе можат да одговорат на барањата на новото време. Изборот пред кој сте исправени е Ваш и личен. Појдете по патот на знаењето, бидејќи така ќе си обезбедите перспективен и подобар живот., истакна Китански во неговата честитка.


Leave a Reply