Централна свеченост во с.Разловци по повод 149 години од Разловечкото востание

Денес Делчево и с.Разловци одбележуваат 149 години од Разловечкото востание. По тој повод Националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево организира централната свеченост во с.Разловци со почеток во 12 часот, на која е најавено присуство и н владина делегација предводена од претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски.

-Под мотото ,,149 години од Разловечкото востание – храброста што ја обликуваше нашата историја” со длабока почит кон македонските борци за слобода, НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево, Ве поканува на централната свеченост по повод годишнината од Разловечкото востание. На настанот ќе присуствува владина делегација предводена од претседателот на Владата на Република Македонија, проф. д-р Христијан Мицкоски, што ја потврдува важноста на овој историски јубилеј за државата и народот, се вели во официјалната покана за настанот.

Во рамките на одбележувањето ќе се одржи и богата културно-уметничка програма, со настапи кои како што додадоа од установата ќе ја одразат традицијата, духот и борбеноста на македонскиот народ.

Настанот ќе се одржи под покровителство на Министерството за култура и туризам.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*