Во петокот на пригодна свеченост пред почетокот на матурската вечер на генерацијата Матуранти родени 2006 година, Средното општинско училиште Методи Митевски Брицо ги прогласи најдобрите 10 матуранти, а епитетот Првенец на генерацијата и припадна на ученичката Ева Ивановска.
По традиција најдобрите 10 матуранти од Општина Делчево добиваат награднo патување низ Европа.
Честитки за најдобрите 10 матуранти:
- Ева Ивановска
- Андреа Димитровска
- Наталија Дамјанова
- Ана Ангеловска
- Стефанија Ќурчиска
- Сара Петровска
- Софија Ангелова
- Лука Самарџиски
- Марија Магдалена Стоименовски
- Теона Златковска
Во продолжение видео од доделувањето на наградите од страна на директорката на установата Дијана Цонева, како и градоначалникот на Делчево Горан Трајковски и советникот за образование Ванчо Новоселски, кои им ги врачија дипломите на најдобрите ученици.
Текст и видео: Валери Спасевски ©️

Leave a Reply